InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудШто е Клауд Веб Хостинг
КЛАУД
28-Фев-201828-Фев-2023
Shto e Klaud Veb Hosting
Klaud Veb Hosting pretstavuva veb hosting usluga koja raboti na infrastruktura izgradena vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot veb hosting.

Izgradena so tehnologija podgotvena za idninata, Klaud Platformata e spremna da poddrzhi veb strani od slednata generacija, pravejkji ja idealna platforma za rast na vasheto onlajn prisustvo. Kluchni karakteristiki:

1.Visoka dostapnost

Za razlika od tradicionalniot veb hosting, kade veb serverite se vrzani za edna fizichka mashina, Klaud veb hosting raboti na klasteri od redundantni hardverski resursi, koi se prostiraat niz povekje data centri.

Ovaa arhitektura osiguruva deka koga del od infrastrukturata bara odrzhuvanje, dali za hardverski defekti ili rutinski nadgradbi, veb serverite preminuvaat na druga operativna infrastruktura bez bilo kakvi prekini. Preku veb serveri koi se postojano operativni, Interspace Klaud obezbeduva bezprekorno korisnichko iskustvo.

2.Serverska infrastruktura od visoka klasa

Site nashi veb hosting paketi baziraat iskluchivo na vrvni hardverski sistemi, dizajnirani da opsluzhuvaat aplikacii od kritichna vazhnost za biznisot. Infrastrukturata na serveri vkluchuva procesori od novata AMD EPYC generacija, ultra brzi NVMe diskovi i ECC Registered memorija za bezprekorna stabilnost.

Hostirani vo nashite premium data centri, nashite veb serveri obezbeduvaat kontinuirano funkcioniranje i bezbednost za vashite aplikacii. Prochitaj povekje

3.Internet povrzanost od visoka klasa

Interspace e telekom provajder od prva klasa koj operira so sopstvena lokalna i regionalna fiber optichka infrastruktura i avtonomen sistem vo globalnata BGP mrezha.

Interspace ima direktni konekcii so vodechkite globalni tier 1 provajderi i strateshki regionalni i lokalni piringzi, preku koi obezbeduvame Internet od najvisoka klasa za profesionalni biznisi i drugi provajderi, kako i za nashata klaud i hosting platforma.

Nashata mrezha e so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet od/do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost. Prochitajte povekje

4.Vrakjanje i zashtita na podatoci

Zgolemete ja stabilnosta na veb serverot so avtomatski rezervni kopii i disaster recovery replikacija, koi mozhat da se upravuvaat so samo nekolku klikovi. Ovie tehnologii se krucijalni za odrzhuvanje na dostapnosta, zashtita od zaguba na podatoci i vrakjanje nazad do tochka vo minatoto koga veb stranata bila vo ispravna sostojba.

4.1.Avtomatski rezervni kopii za veb sajt

Avtomatski rezervni kopii pretstavuvaat celosni kopii na veb hosting smetkata, vkluchuvajkji gi site fajlovi, podatochni bazi i poraki, koi se pravat ednash vo denot, od ponedelnik do petok. Postojano gi chuvame poslednite 5 kopii. Smetkata mozhe da se povrati so nekoja od zachuvanite kopii so eden klik.

Vo veb hostingot na Interspace, rezervnite kopii ne se chuvaat vo ramki na istiot data centar, tuku vo data centar oddalechen najmalku 100 km. Za dopolnitelna zashtita, kopiite se chuvaat na RAID dupliciran prostor. Prochitajte povekje

4.2.Disaster recovery replikacija za veb sajt

Replikacija pretstavuva proces na postojano kreiranje identichen standby veb server (narechen replika) od primarniot veb server vo drug data centar oddalechen najmalku 100 km. Taa e aktivirana za site veb serveri, odnosno site veb strani. Vie nemate potreba da pravite bilo kakvi konfiguracii ili redovno aktivnosti za oddrzhuvanje na replikacijata, Interspace klaud platformata avtomatski gi izvrshuva site kompleksni operacii vo pozadina.

Vo sluchaj na katastrofalen incident vo primarniot data centar, replikata mozhe se startuva i prodolzhuva da raboti od disaster recovery data centarot, bez da ima potreba od podgotovka na novi veb serveri i srodna infrastruktura, kako i restoriranje od rezervni kopii. Prochitajte povekje

5.Besplatni i avto postaveni validni SSL sertifikati

Vo nashite veb hosting paketi, avtomatski kje bide nabaven i instaliran domain-validated SSL sertifikat za vashite domeni, bez dopolnitelni nadomestoci. Koga sertifikatot kje isteche, nov sertifikat avtomatski kje bide nabaven i instaliran, povtorno bez dopolnitelni nadomestoci.

SSL sertifikatot go opfakja primarniot domen kako i add-on i pod-domenite. Preku ovaa opcija, nema vekje da plakjate za sertifikat i da mozgate kako pravilno da se instalira/obnovi istiot so cel da gi zashtite vashite veb strani so SSL enkriptirana komunikacija. Prochitajte povekje

6.Besprekorna skalabilnost

Ednostavno preminuvajte na razlichni paketi za izmena na veb resursite, osiguruvajkji se deka vashiot veb hosting paket sekogash gi zadovoluva potrebite sovrsheno i kje ovozmozhuva optimalni performansi i efikasno koristenje na resursite.

7.Ednostavno upravuvanje preku veb

Nashiot bezbeden kontrolen panel My Interspace e napolnet so esencijalni alatki za upravuvanje so resursite na Klaud veb hosting. Dizajniran so fokus na bezbednost i efikasnost, My Interspace obezbeduva sѐ shto vi e potrebno za upravuvanje so veb hosting.

Dopolnitelno, za sekoja veb smetka e dostapen i cPanel kontrolen panel, koj nudi mnogu alatki za seopfatno konfiguriranje na veb smetkata, vkluchuvajkji organizacija na datoteki, konfiguracija na domeni i povekje!

8.Pridrzhuvanje do najvisoki standardi

Interspace raboti vo soglasnost so najvisokite standardi i se pridrzhuva do strogi proceduri, redovno validirani preku sertifikacii, kako shto e navedno podolu:

  • ISO 27001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so informatichka bezbednost.
  • ISO 20000-1: Sertifikat za upravuvachki procesi za efektivna isporaka na IT uslugi.
  • ISO 22301: Sertifikat za obezbeduvanje na kontinuitet vo rabotenjeto vo sluchaj na incident ili katastrofa.
  • ISO 9001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so kvalitet.
  • ISO 14001: Sertifikat za odgovorno upravuvanje so zhivotnata sredina.
  • Licenca A za proektiranje na mrezhi: Najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura od visoka klasa, vkluchuvajkji data centar sistemi i fiber optichki mrezhi.
Што е Клауд Веб Хостинг
Клауд Веб Хостинг претставува веб хостинг услуга која работи на инфраструктура изградена врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот веб хостинг.

Изградена со технологија подготвена за иднината, Клауд Платформата е спремна да поддржи веб страни од следната генерација, правејќи ја идеална платформа за раст на вашето онлајн присуство. Клучни карактеристики:

1.Висока достапност

За разлика од традиционалниот веб хостинг, каде веб серверите се врзани за една физичка машина, Клауд веб хостинг работи на кластери од редундантни хардверски ресурси, кои се простираат низ повеќе дата центри.

Оваа архитектура осигурува дека кога дел од инфраструктурата бара одржување, дали за хардверски дефекти или рутински надградби, веб серверите преминуваат на друга оперативна инфраструктура без било какви прекини. Преку веб сервери кои се постојано оперативни, Interspace Клауд обезбедува безпрекорно корисничко искуство.

2.Серверска инфраструктура од висока класа

Сите наши веб хостинг пакети базираат исклучиво на врвни хардверски системи, дизајнирани да опслужуваат апликации од критична важност за бизнисот. Инфраструктурата на сервери вклучува процесори од новата AMD EPYC генерација, ултра брзи NVMe дискови и ECC Registered меморија за безпрекорна стабилност.

Хостирани во нашите премиум дата центри, нашите веб сервери обезбедуваат континуирано функционирање и безбедност за вашите апликации. Прочитај повеќе

3.Интернет поврзаност од висока класа

Interspace е телеком провајдер од прва класа кој оперира со сопствена локална и регионална фибер оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа.

Interspace има директни конекции со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме Интернет од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери, како и за нашата клауд и хостинг платформа.

Нашата мрежа е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Прочитајте повеќе

4.Враќање и заштита на податоци

Зголемете ја стабилноста на веб серверот со автоматски резервни копии и disaster recovery репликација, кои можат да се управуваат со само неколку кликови. Овие технологии се круцијални за одржување на достапноста, заштита од загуба на податоци и враќање назад до точка во минатото кога веб страната била во исправна состојба.

4.1.Автоматски резервни копии за веб сајт

Автоматски резервни копии претставуваат целосни копии на веб хостинг сметката, вклучувајќи ги сите фајлови, податочни бази и пораки, кои се прават еднаш во денот, од понеделник до петок. Постојано ги чуваме последните 5 копии. Сметката може да се поврати со некоја од зачуваните копии со еден клик.

Во веб хостингот на Interspace, резервните копии не се чуваат во рамки на истиот дата центар, туку во дата центар оддалечен најмалку 100 км. За дополнителна заштита, копиите се чуваат на RAID дуплициран простор. Прочитајте повеќе

4.2.Disaster recovery репликација за веб сајт

Репликација претставува процес на постојано креирање идентичен standby веб сервер (наречен реплика) од примарниот веб сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км. Таа е активирана за сите веб сервери, односно сите веб страни. Вие немате потреба да правите било какви конфигурации или редовно активности за оддржување на репликацијата, Interspace клауд платформата автоматски ги извршува сите комплексни операции во позадина.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата може се стартува и продолжува да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови веб сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии. Прочитајте повеќе

5.Бесплатни и авто поставени валидни SSL сертификати

Во нашите веб хостинг пакети, автоматски ќе биде набавен и инсталиран domain-validated ССЛ сертификат за вашите домени, без дополнителни надоместоци. Кога сертификатот ќе истече, нов сертификат автоматски ќе биде набавен и инсталиран, повторно без дополнителни надоместоци.

ССЛ сертификатот го опфаќа примарниот домен како и add-on i под-домените. Преку оваа опција, нема веќе да плаќате за сертификат и да мозгате како правилно да се инсталира/обнови истиот со цел да ги заштите вашите веб страни со ССЛ енкриптирана комуникација. Прочитајте повеќе

6.Беспрекорна скалабилност

Едноставно преминувајте на различни пакети за измена на веб ресурсите, осигурувајќи се дека вашиот веб хостинг пакет секогаш ги задоволува потребите совршено и ќе овозможува оптимални перформанси и ефикасно користење на ресурсите.

7.Едноставно управување преку веб

Нашиот безбеден контролен панел My Interspace е наполнет со есенцијални алатки за управување со ресурсите на Клауд веб хостинг. Дизајниран со фокус на безбедност и ефикасност, My Interspace обезбедува сѐ што ви е потребно за управување со веб хостинг.

Дополнително, за секоја веб сметка е достапен и cPanel контролен панел, кој нуди многу алатки за сеопфатно конфигурирање на веб сметката, вклучувајќи организација на датотеки, конфигурација на домени и повеќе!

8.Придржување до највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Klaud veb hosting
Veb hosting vo klaud infrastruktura, poddrzhan od najvisoka klasa na sistemi za profesionalno VEB prisustvo. Avtomatski bekapi i disaster recovery replika koi se chuvaat vo drug data centar na bezbedna dalechina. Izvonreden odnos na cena so performansi. Koristime najvisoka klasa na oprema bidejkji primarno opsluzhuvame sistemi od kritichna vazhnost. AMD EPYC procesori od novata generacija, ultra brzi NVMe diskovi, ECC memorija i dediciran Internet.
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Клауд веб хостинг
Веб хостинг во клауд инфраструктура, поддржан од највисока класа на системи за професионално ВЕБ присуство. Автоматски бекапи и disaster recovery реплика кои се чуваат во друг дата центар на безбедна далечина. Извонреден однос на цена со перформанси. Користиме највисока класа на опрема бидејќи примарно опслужуваме системи од критична важност. AMD EPYC процесори од новата генерација, ултра брзи NVMe дискови, ECC меморија и дедициран Интернет.
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам