InterspaceБаза на знаењеДокументацијаХостингДалечен KVM
ХОСТИНГ
07-Јуни-201813-Авг-2023
Dalechen KVM
Interspace obezbeduva ednostaven i efikasen nachin za upravuvanje so vashite posveteni serveri preku KVM (Tastatura Monitor Gluvche), nudejkji instanten pristap so eden klik do KVM-preku-IP direktno od veb kontrolniot panel My Interspace. Ovaa usluga e dostapna 24/7/365, ovozmozhuvajkji besprekorno podesuvanje na serverot, podiganje na OS, prilagoduvanje i odrzhuvanje.

Za da dobiete pristap do ovie funkcionalnosti, najavete se vo kontrolniot panel na My Interspace, potoa otvorete ja uslugata povrzana so vashiot server i izberete go tabot Dalechna kontrola (KVM).

Kliknete na kopcheto za aktivacija za da startuvate KVM sesija. Potrebno kje bide da simnete i da ja ukluchite JAVA konzolnata aplikacija za da dobiete KVM pristap do serverot.

Ve molime imajte gi na um slednite zabeleshki:

  • Mozhe da ja aktivirate KVM sesijata samo preku vashata IP adresa, koja e registrirana na nashiot firewall vednash otkako ja aktivirate sesijata.
  • Otkako kje ja startuvate KVM konzolata, kliknete na Sync Cursor od menito na gluvcheto i Full keyboard od menito na tastaturata.

Postoi golem broj na bezbednosni mehanizmi koi se primenuvaat za da se osigura deka samo korisnikot koj go ima aktivirano KVM-ot da mu e dozvolen pristap do interfejsite na tastatura/gluvche/video. Tie se opishani podolu:

  • Sistemot na KVM koristi out-of-band KVM interfejs na serverot, koj e povrzan so izolirana privatna IP mrezha (ne se koristat javni IP adresi)
  • Koga korisnicite kje aktiviraat KVM preku My Interspace, golem broj pravila za firewall se dodavaat na nashite ruteri, vkluchuvajkji:

    • Pravilo koe dozvoluva povrzuvanje so serverskiot out-of-band KVM interfejs samo od vashata IP adresa (IP adresata od vashiot internet provajder vo momentot koga ste ja aktivirale KVM sesijata).
    • Port forward pravilo od vashata IP adresa do privatnata IP adresa na out-of-band KVM interfejsot.
  • Koga korisnicite kje deaktiviraat KVM preku My Interspace, site gorenavedeni pravila kje bidat izbrishani i sega postoi nachin nadvoreshen host da se povrze na serverskiot out-of-band KVM interfejs.
Далечен KVM
Interspace обезбедува едноставен и ефикасен начин за управување со вашите посветени сервери преку KVM (Тастатура Монитор Глувче), нудејќи инстантен пристап со еден клик до KVM-преку-IP директно од веб контролниот панел My Interspace. Оваа услуга е достапна 24/7/365, овозможувајќи беспрекорно подесување на серверот, подигање на ОС, прилагодување и одржување.

За да добиете пристап до овие функционалности, најавете се во контролниот панел на My Interspace, потоа отворете ја услугата поврзана со вашиот сервер и изберете го табот Далечна контрола (KVM).

Кликнете на копчето за активација за да стартувате KVM сесија. Потребно ќе биде да симнете и да ја уклучите JAVA конзолната апликација за да добиете KVM пристап до серверот.

Ве молиме имајте ги на ум следните забелешки:

  • Може да ја активирате KVM сесијата само преку вашата IP адреса, која е регистрирана на нашиот firewall веднаш откако ја активирате сесијата.
  • Откако ќе ја стартувате KVM конзолата, кликнете на Sync Cursor од менито на глувчето и Full keyboard од менито на тастатурата.

Постои голем број на безбедносни механизми кои се применуваат за да се осигура дека само корисникот кој го има активирано KVM-от да му е дозволен пристап до интерфејсите на тастатура/глувче/видео. Тие се опишани подолу:

  • Системот на KVM користи out-of-band KVМ интерфејс на серверот, кој е поврзан со изолирана приватна IP мрежа (не се користат јавни IP адреси)
  • Кога корисниците ќе активираат KVM преку My Interspace, голем број правила за firewall се додаваат на нашите рутери, вклучувајќи:

    • Правило кое дозволува поврзување со серверскиот out-of-band KVM интерфејс само од вашата IP адреса (IP адресата од вашиот интернет провајдер во моментот кога сте ја активирале KVM сесијата).
    • Port forward правило од вашата IP адреса до приватната IP адреса на out-of-band KVM интерфејсот.
  • Кога корисниците ќе деактивираат KVM преку My Interspace, сите горенаведени правила ќе бидат избришани и сега постои начин надворешен хост да се поврзе на серверскиот out-of-band KVM интерфејс.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Dedicirani serveri
Dedicirani serveri na visoka klasa na hardver od priznaeni vendori. Hostingot e vo nashi data centri, ovozmozhuvajkji ni celosna kontrola za obezbeduvanje postojan kvalitet i dostapnost 24/7/365. Izbor na primarni data centri i disaster recovery data centar lociran na bezbedna dalechina. Kontrola na napojuvanje (resetiranje, iskluchi/vkluchi) i besplaten KVM-preku-IP, dostapni 24/7 na eden klik, vkluchuvajkji i opcija za startuvanje/instalacija na vashi ISO zapisi.
Onlajn video platforma
Kreirajte sopstven profesionalen portal za spodeluvanje na videa, so site neverojatni funkcionalnosti, brendiran i prilagoden za vashata kompanija i dostapen na vash domen. Video platformata e bazirana na nashata globalna IT infrastruktura koja vkluchuva mrezha od serveri na povekje kontinenti, dizajnirana za avtomatska replikacija i anycast sistemi za prikaz so najmala latencija vrz osnova na geografskata lokacija na posetitelite.
Поврзани продукти
Дедицирани сервери
Дедицирани сервери на висока класа на хардвер од признаени вендори. Хостингот е во наши дата центри, овозможувајќи ни целосна контрола за обезбедување постојан квалитет и достапност 24/7/365. Избор на примарни дата центри и disaster recovery дата центар лоциран на безбедна далечина. Kонтрола на напојување (ресетирање, исклучи/вклучи) и бесплатен KVM-преку-IP, достапни 24/7 на еден клик, вклучувајќи и опција за стартување/инсталација на ваши ISO записи.
Онлајн видео платформа
Креирајте сопствен професионален портал за споделување на видеа, со сите неверојатни функционалности, брендиран и прилагоден за вашата компанија и достапен на ваш домен. Видео платформата е базирана на нашата глобална ИТ инфраструктура која вклучува мрежа од сервери на повеќе континенти, дизајнирана за автоматска репликација и anycast системи за приказ со најмала латенција врз основа на географската локација на посетителите.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам