InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудЗаштитени снапшоти
КЛАУД
01-Мар-201813-Ное-2023
Zashtiteni snapshoti

1.Shto se Snapshoti

Snapshoti pretstavuvaat celosni kopii od vashiot virtuelen server, koi obezbeduvaat sostojba do koja mozhe da se vratite vo idnina. Za razlika od avtomatskite rezervni kopii koi se izvrshuvaat po raspored, snapshotite se sozdavaat rachno so ednostaven klik na kopche.

Osobeno se korisni koga se pravat nadgradbi, testiranje na novi aplikacii ili vo bilo koi sluchai koga e potrebno da se vratat vo funkcija sistemite ili da se napravi povrat na stari podatoci od zachuvana kopija od minatoto.

2.Prednosti na Interspace Snapshoti

  • Zachuvani na bezbedno mesto
    Vo Interspace Cloud snapshotite se chuvaat na RAID zashtiten prostor. Interspace odi chekor ponatamu, nie gi chuvame ovie kopii vo data centri strateshki locirani najmalku 100 km podaleku od data centarot kade shto serverot momentalno raboti. Ovaa strategija na dve lokacii znachitelno ja zgolemuva zashtitata na podatocite protiv shirok spektar na zakani, i se obezbeduva bez dopolnitelni troshoci.
  • Celosni kopii na serverot
    Za razlika od standardnite snapshoti koi sodrazhat samo promenetata sostojba na serverot, so cel da zavzemaat pomalku prosor, snapshotite vo Interspace Cloud se dizajnirani poinaku. Standardniot metod za snapshoti mozhe da dovede do namaluvanje na performansite kako shto se zgolemuva zapishuvanjeto na diskovite. No vo Interspace Cloud, snapshotite se sozdavaat kako celosna kopija na virtuelniot server. Iako sozdavanjeto na ovie snapshoti mozhe da trae malku podolgo, zabelezhlivo pri mnogu golem diskov prostor, tie garantiraat deka performansite na vashiot server ostanuvaat nepromeneti.

3.Kreiranje i povratok na Snapshoti

Kreiranjeto i obnovuvanjeto na snapshoti e dosta intuitivno i pretstavuva ednostavna zadacha. Ednostavno, najavete se na kontrolniot panel My Interspace, otvorete ja uslugata povrzana so serverot, a potoa otvorete go tabot Snapshoti. Ovde mozhete lesno da kreirate ili povratite snapshot kopija.

  • Za da kreirate snapshot, kliknete na kopcheto Kreiraj snapshot. Potoa kje vi bide pobarano da vnesete ime na vashiot snapshot so cel polesna identifikacija.
  • Za da vratite snapshot, kliknete na kopcheto Povrati
    vo tabelata so postoechki dostapni snapshoti.

4.Upravuvanje so Snapshoti

Vo ramkite na kontrolniot panel My Interspace, tabot Snapshoti vkluchuva alatki za upravuvanje so postoechkite snapshot kopii. Ovoj interfejs prikazhuva detalna tabela so spisok na sekoj napraven snapshot, vkluchuvajkji datumi na kracija i brishenje, prostor na skladiranje, status na podatochna konzistentnost i dostapni opcii kako shto se Vrakjanje, Izbrishi, Smeni ime i Beleshki.

  • Povrati
    Vratete go vashiot server vo sostojbata snimena kako vo izbraniot snapshot, obezbeduvajkji brz povratok na zagubeni ili korumpirani podatoci.
  • Izbrishi
    Izbrishete go vekje kreiraniot snapshot.
  • Smeni ime
    Dodelete sopstveni iminja na vashite snapshoti so cel polesna identifikacija, olesnuvanje za pobrz pristap kako i podobra organizacija.
  • Zabeleshki
    Dodadete beleshki na sekoj snapshot. Ova kje vi ovozmozhi da zachuvate vazhni detali ili potsetnici za celta ili sodrzhinata na kreiraniot snapshot.

5.Istorija na povrateni snapshoti

Ovaa opcija e dostapna preku kopcheto Istorija na povrateni snapshoti
vo tabot „Snapshoti“. Ovoj interfejs obezbeduva seopfaten pregled na site minati procesi na povratok na snapshoti.

Ovoj korisnichki interfejs na korisnicite im nudi detalna tabela koja go naveduva sekoj povraten snapshot spored negovoto ime, zaedno so datumot i vremeto koga e izvrshen istiot.

6.Konzistentnost na podatocite

Koga Interspace Klaud pravi snapshoti, stava prioritet na sozdavanje kopija na serverot so konzistentnost na podatocite, shto oznachuva deka kopijata ja sodrzhi sostojbata na sistemot vo moment koga site podatoci se sinhronizirani i disk operaciite se zavrsheni. Ovoj pristap ovozmozhuva besprekorno vrakjanje na serverot do specifichna tochka vo minatoto, bez potreba od dopolnitelni proverki ili prilagoduvanja na podatocite.

Vazhno e da se napomene deka nekoi postari operativni sistemi, kako verziite na Linux i Windows od pred 2012 godina, mozhe da ne poddrzhuvaat sozdavanje na kopija so konzistentnost na podatocite. Vo takvi sluchai, Interspace Klaud kje sozdade kopija bez konzistentnost na podatocite. Ovie kopii sekako mozhat da se koristat za vrakjanje na serverot do odredena tochka vo minatoto. Sepak, startuvanjeto na serverot po vrakjanjeto mozhe da bide slichno na palenje na sistemot po prinudno restartiranje dodeka bil vo funkcija. Ova ponekogash bara izveduvanje na proverki za integritet na podatocite, kako shto e verifikacija na konzistentnosta na diskot.
Заштитени снапшоти

1.Што се Снапшоти

Снапшоти претставуваат целосни копии од вашиот виртуелен сервер, кои обезбедуваат состојба до која може да се вратите во иднина. За разлика од автоматските резервни копии кои се извршуваат по распоред, снапшотите се создаваат рачно со едноставен клик на копче.

Oсобено се корисни кога се прават надградби, тестирање на нови апликации или во било кои случаи кога е потребно да се вратат во функција системите или да се направи поврат на стари податоци од зачувана копија од минатото.

2.Предности на Interspace Снапшоти

  • Зачувани на безбедно место
    Во Interspace Cloud снапшотите се чуваат на RAID заштитен простор. Interspace оди чекор понатаму, ние ги чуваме овие копии во дата центри стратешки лоцирани најмалку 100 км подалеку од дата центарот каде што серверот моментално работи. Оваа стратегија на две локации значително ја зголемува заштитата на податоците против широк спектар на закани, и се обезбедува без дополнителни трошоци.
  • Целосни копии на серверот
    За разлика од стандардните снапшоти кои содражат само променетата состојба на серверот, со цел да завземаат помалку просор, снапшотите во Interspace Cloud се дизајнирани поинаку. Стандардниот метод за снапшоти може да доведе до намалување на перформансите како што се зголемува запишувањето на дисковите. Но во Interspace Cloud, снапшотите се создаваат како целосна копија на виртуелниот сервер. Иако создавањето на овие снапшоти може да трае малку подолго, забележливо при многу голем дисков простор, тие гарантираат дека перформансите на вашиот сервер остануваат непроменети.

3.Креирање и повраток на Снапшоти

Креирањето и обновувањето на снапшоти е доста интуитивно и претставува едноставна задача. Едноставно, најавете се на контролниот панел My Interspace, отворете ја услугата поврзана со серверот, а потоа отворете го табот Снапшоти. Овде можете лесно да креирате или повратите снапшот копија.

  • За да креирате снапшот, кликнете на копчето Креирај снапшот. Потоа ќе ви биде побарано да внесете име на вашиот снапшот со цел полесна идентификација.
  • За да вратите снапшот, кликнете на копчето Поврати
    во табелата со постоечки достапни снапшоти.

4.Управување со Снапшоти

Во рамките на контролниот панел My Interspace, табот Снапшоти вклучува алатки за управување со постоечките снапшот копии. Овој интерфејс прикажува детална табела со список на секој направен снапшот, вклучувајќи датуми на крација и бришење, простор на складирање, статус на податочна конзистентност и достапни опции како што се Враќање, Избриши, Смени име и Белешки.

  • Поврати
    Вратете го вашиот сервер во состојбата снимена како во избраниот снапшот, обезбедувајќи брз повраток на загубени или корумпирани податоци.
  • Избриши
    Избришете го веќе креираниот снапшот.
  • Смени име
    Доделете сопствени имиња на вашите снапшоти со цел полесна идентификација, олеснување за побрз пристап како и подобра организација.
  • Забелешки
    Додадете белешки на секој снапшот. Ова ќе ви овозможи да зачувате важни детали или потсетници за целта или содржината на креираниот снапшот.

5.Историја на повратени снапшоти

Оваа опција е достапна преку копчето Историја на повратени снапшоти
во табот „Снапшоти“. Овој интерфејс обезбедува сеопфатен преглед на сите минати процеси на повраток на снапшоти.

Овој кориснички интерфејс на корисниците им нуди детална табела која го наведува секој повратен снапшот според неговото име, заедно со датумот и времето кога е извршен истиот.

6.Конзистентност на податоците

Кога Interspace Клауд прави снапшоти, става приоритет на создавање копија на серверот со конзистентност на податоците, што означува дека копијата ја содржи состојбата на системот во момент кога сите податоци се синхронизирани и диск операциите се завршени. Овој пристап овозможува беспрекорно враќање на серверот до специфична точка во минатото, без потреба од дополнителни проверки или прилагодувања на податоците.

Важно е да се напомене дека некои постари оперативни системи, како верзиите на Linux и Windows од пред 2012 година, може да не поддржуваат создавање на копија со конзистентност на податоците. Во такви случаи, Interspace Клауд ќе создаде копија без конзистентност на податоците. Овие копии секако можат да се користат за враќање на серверот до одредена точка во минатото. Сепак, стартувањето на серверот по враќањето може да биде слично на палење на системот по принудно рестартирање додека бил во функција. Ова понекогаш бара изведување на проверки за интегритет на податоците, како што е верификација на конзистентноста на дискот.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам