InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудDisaster Recovery репликација
КЛАУД
15-Сеп-201914-Јан-2024
Disaster Recovery replikacija

1.Opis na tehnologijata

Replikacija pretstavuva proces na postojano kreiranje identichen standby virtuelen server (narechen replika) od primarniot virtuelen server vo drug data centar oddalechen najmalku 100 km. Se aktivira so eden klik, potoa vie ne pravite nikakvi aktivnosti, vo pozadina sistemot avtomatski gi izvrshuva site kompleksni operacii. Replikacijata ne gi namaluva performansite na virtuelniot server nitu ja usporuva negovata komunikacija, bidejkji koristi nezavisni dedicirani resursi.

Replikata i primarniot server se sinhroniziraat so postojan transfer na podatoci pomegju niv. Transferot se odviva preku geo nezavisni vrski so ultra visoka brzina (Nx100 Gbps), ovozmozhuvajkji sozdavanje replika vo realno vreme duri i koga primarniot serverot obavuva intenzivni operacii na super brzi NVMe diskovi, kako i vo sluchaj na ispad na edna od nezavisnite vrski.

Vo sluchaj na katastrofalen incident vo primarniot data centar, replikata mozhe da bide startuvana i da raboti od disaster recovery data centarot, bez da ima potreba od podgotovka na novi serveri i srodna infrastruktura, kako i restoriranje od rezervni kopii (ako voopshto ste napravile kopii).

Imajte vo predvid deka ako ima incident vo primarniot data centar i momentalnata sostojba na virtuelniot server e "falichna", kako vo sluchaj koga operativniot sistem vekje funkcionira so greshki ili ima pogreshno konfigurirani aplikacii, replikata ke ja sodrzhi samo poslednata "falichna" sostojba na virtuelniot server. Vo vakvi sluchai mozhe da gi zashtitite podatocite so pravenje na snapshoti ili so aktiviranje na Avtomatski rezervni kopii (backups), koi ovozmozhuvaat da go povratite virtuelniot server nazad na postara "dobra" verzija.

2.Aktiviranje / Deaktiviranje

Najavete se na kontrolniot panel My Interspace, otvorete ja uslugata povrzana so serverot, a potoa otvorete go tabot Replikacija.

Prefrlete go na Da poleto za opcija Aktiviraj replikacija i kliknete zachuvaj. Replikacijata zapochnuva vednash.

Prefrlete go na Ne poleto za opcija Aktiviraj replikacija i kliknete zachuvaj za da ja prekinete replikacijata.

3.Monitoring

Najavete se na kontrolniot panel My Interspace, otvorete ja uslugata povrzana so serverot, a potoa otvorete go tabot Disaster Recovery replikacija.

Ovde mozhete da gi vidite relevantnite informacii kako shto se momentalniot status na replikacija, primaren / sekundaren server, posledna sinhronizacija.

Disaster Recovery репликација

1.Опис на технологијата

Репликација претставува процес на постојано креирање идентичен standby виртуелен сервер (наречен реплика) од примарниот виртуелен сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км. Се активира со еден клик, потоа вие не правите никакви активности, во позадина системот автоматски ги извршува сите комплексни операции. Репликацијата не ги намалува перформансите на виртуелниот сервер ниту ја успорува неговата комуникација, бидејќи користи независни дедицирани ресурси.

Репликата и примарниот сервер се синхронизираат со постојан трансфер на податоци помеѓу нив. Трансферот се одвива преку гео независни врски со ултра висока брзина (Nx100 Gbps), овозможувајќи создавање реплика во реално време дури и кога примарниот серверот обавува интензивни операции на супер брзи NVMe дискови, како и во случај на испад на една од независните врски.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата може да биде стартувана и да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии (ако воопшто сте направиле копии).

Имајте во предвид дека ако има инцидент во примарниот дата центар и моменталната состојба на виртуелниот сервер е "фалична", како во случај кога оперативниот систем веќе функционира со грешки или има погрешно конфигурирани апликации, репликата ке ја содржи само последната "фалична" состојба на виртуелниот сервер. Во вакви случаи може да ги заштитите податоците со правење на снапшоти или со активирање на Автоматски резервни копии (backups), кои овозможуваат да го повратите виртуелниот сервер назад на постара "добра" верзија.

2.Активирање / Деактивирање

Најавете се на контролниот панел My Interspace, отворете ја услугата поврзана со серверот, а потоа отворете го табот Репликација.

Префрлете го на Да полето за опција Активирај репликација и кликнете зачувај. Репликацијата започнува веднаш.

Префрлете го на Не полето за опција Активирај репликација и кликнете зачувај за да ја прекинете репликацијата.

3.Мониторинг

Најавете се на контролниот панел My Interspace, отворете ја услугата поврзана со серверот, а потоа отворете го табот Disaster Recovery репликација.

Овде можете да ги видите релевантните информации како што се моменталниот статус на репликација, примарен / секундарен сервер, последна синхронизација.


Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам