InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудDisaster Recovery репликација за Веб сајт
КЛАУД
15-Сеп-201914-Јан-2024
Disaster Recovery replikacija za Veb sajt
Replikacija pretstavuva proces na postojano kreiranje identichen standby veb server (narechen replika) od primarniot veb server vo drug data centar oddalechen najmalku 100 km. Replikacijata e aktivirana za site veb serveri, odnosno site veb strani. Vie nemate potreba da pravite bilo kakvi konfiguracii ili redovno aktivnosti za oddrzhuvanje na replikacijata, Interspace klaud platformata avtomatski gi izvrshuva site kompleksni operacii vo pozadina.

Replikata i primarniot veb server se sinhroniziraat so postojan transfer na podatoci pomegju niv. Transferot se odviva preku geo nezavisni vrski so ultra visoka brzina (Nx100 Gbps), ovozmozhuvajkji sozdavanje replika vo realno vreme duri i koga primarniot serverot obavuva intenzivni operacii na super brzi NVMe diskovi, kako i vo sluchaj na ispad na edna od nezavisnite vrski. Replikacijata ne gi namaluva performansite na veb serverot nitu ja usporuva negovata komunikacija, bidejkji koristi nezavisni dedicirani resursi.

Vo sluchaj na katastrofalen incident vo primarniot data centar, replikata startuva i prodolzhuva da raboti od disaster recovery data centarot, bez da ima potreba od podgotovka na novi serveri i srodna infrastruktura, kako i restoriranje od rezervni kopii (ako voopshto ste napravile kopii).

Imajte vo predvid deka ako ima incident vo primarniot data centar i momentalnata sostojba na veb stranata e "falichna", kako vo sluchaj koga Content Management System-ot vekje funkcionira so greshki ili ima pogreshno konfigurirani veb skripti, replikata ke ja sodrzhi samo poslednata "falichna" sostojba na veb stranata. Vo vakvi sluchai mozhe da gi zashtitite podatocite so aktiviranje na Avtomatski rezervni kopii, koi ovozmozhuvaat da ja povratite veb stranata nazad na postara "dobra" verzija.
Disaster Recovery репликација за Веб сајт
Репликација претставува процес на постојано креирање идентичен standby веб сервер (наречен реплика) од примарниот веб сервер во друг дата центар оддалечен најмалку 100 км. Репликацијата е активирана за сите веб сервери, односно сите веб страни. Вие немате потреба да правите било какви конфигурации или редовно активности за оддржување на репликацијата, Interspace клауд платформата автоматски ги извршува сите комплексни операции во позадина.

Репликата и примарниот веб сервер се синхронизираат со постојан трансфер на податоци помеѓу нив. Трансферот се одвива преку гео независни врски со ултра висока брзина (Nx100 Gbps), овозможувајќи создавање реплика во реално време дури и кога примарниот серверот обавува интензивни операции на супер брзи NVMe дискови, како и во случај на испад на една од независните врски. Репликацијата не ги намалува перформансите на веб серверот ниту ја успорува неговата комуникација, бидејќи користи независни дедицирани ресурси.

Во случај на катастрофален инцидент во примарниот дата центар, репликата стартува и продолжува да работи од disaster recovery дата центарот, без да има потреба од подготовка на нови сервери и сродна инфраструктура, како и ресторирање од резервни копии (ако воопшто сте направиле копии).

Имајте во предвид дека ако има инцидент во примарниот дата центар и моменталната состојба на веб страната е "фалична", како во случај кога Content Management System-от веќе функционира со грешки или има погрешно конфигурирани веб скрипти, репликата ке ја содржи само последната "фалична" состојба на веб страната. Во вакви случаи може да ги заштитите податоците со активирање на Автоматски резервни копии, кои овозможуваат да ја повратите веб страната назад на постара "добра" верзија.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Klaud veb hosting
Veb hosting vo klaud infrastruktura, poddrzhan od najvisoka klasa na sistemi za profesionalno VEB prisustvo. Avtomatski bekapi i disaster recovery replika koi se chuvaat vo drug data centar na bezbedna dalechina. Izvonreden odnos na cena so performansi. Koristime najvisoka klasa na oprema bidejkji primarno opsluzhuvame sistemi od kritichna vazhnost. AMD EPYC procesori od novata generacija, ultra brzi NVMe diskovi, ECC memorija i dediciran Internet.
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Клауд веб хостинг
Веб хостинг во клауд инфраструктура, поддржан од највисока класа на системи за професионално ВЕБ присуство. Автоматски бекапи и disaster recovery реплика кои се чуваат во друг дата центар на безбедна далечина. Извонреден однос на цена со перформанси. Користиме највисока класа на опрема бидејќи примарно опслужуваме системи од критична важност. AMD EPYC процесори од новата генерација, ултра брзи NVMe дискови, ECC меморија и дедициран Интернет.
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам