InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудЗа Interspace Клауд Платформата
КЛАУД
18-Јан-201819-Окт-2023
Za Interspace Klaud Platformata
Izgradena vrz infrastruktura podgotvena za idninata, Interspace Klaud Platformata e dizajnirana da opsluzhuva aplikacii od kritichna vazhnost za biznisot. Platformata e poznata po nejzinata napredna arhitektura, rezultat na inovaciite i razvojot na softver od Interspace. Preku primena na najnova tehnologija i najdobri praktiki za razvoj, platformata osiguruva najvisoko nivo na skalabilnost, bezbednost i performansi.

1.Visoka dostapnost

Za razlika od tradicionalniot VPS hosting, kade virtuelnite serveri se vrzani za edna fizichka mashina, Elastichen Klaud VPS i drugite sistemi vo nashiot klaud rabotat na klasteri od redundantni hardverski resursi, koi se prostiraat niz povekje data centri.

Ovaa arhitektura osiguruva deka koga del od infrastrukturata bara odrzhuvanje, dali za hardverski defekti ili rutinski nadgradbi, klaud sistemite preminuvaat na druga operativna infrastruktura bez bilo kakvi prekini. Preku sistemi koi se postojano operativni, Interspace Klaud obezbeduva bezprekorno korisnichko iskustvo.

2.Skalabilnost i fleksibilnost

Platformata ovozmozhuva dinamichko reskaliranje i dodavanje ili otstranuvanje na resursi i funkcii, kako shto se IP adresi, privatni mrezhi i opcii za vrakjanje na podatoci od rezervni kopii i disaster recovery replikacija. Ovaa skalabilnost i fleksibilnost osiguruva deka korisnicite mozhat da ja prilagodat infrastrukturata na bilo koi operativni baranja.

3.Klaud privatna mrezha

Interspace Klaud privatna mrezha e Layer 2 eternet mrezha, izolirana i dedicirana samo za edna organizacija. Vo ovaa mrezha, vashite virtuelni privatni serveri, dedicirani serveri, metro eternet tochki i drugi sistemi vo klaudot mozhat da komuniciraat direktno i besplatno preku privatni IP adresi. Vashite serverite koi nema potreba da se pristapuvaat direktno preku Internet mozhe da imaat samo privatna IP adresa, kako data bazi, okolina za razvoj i drugi pozadinski servisi. Prochitajte povekje

4.Bezbedni konekcii do Klaudot

Interspace Klaud nudi nekolku tehnologii koi ovozmozhuvaat bezbedni konekcii do vashata Klaud privatna mrezha od nadvoreshni mrezhi kako shto e Internetot.

  • Klaud VPN PointConnect ovozmozhuva individualni kompjuteri od kade bilo vo svetot bezbedno da pristapat do vashite serveri i drugi sistemi vo klaudot, preku Internet.
  • Klaud VPN MultiSite ovozmozhuva celi LAN mrezhi na dalechni kancelarii ili filijali bezbedno da se povrzat megjusebe ili da pristapat do vashata klaud privatna mrezha, od bilo kade vo svetot preku VPN ruteri povrzani na Internet.
  • Klaud metro eternet gi integrira LAN mrezhite na vashite fizichki kancelarii so vashata Klaud privatna mrezha, koristejkji direktni kabelski vrski do vashite lokacii preku fiber optichka mrezha koja funkcionira nezavisno od Internetot.
  • Klaud NAT Gateway obezbeduva NAT i port-forwarding funkcionalnost, odnosno ovozmozhuva vlezni/izlezni konekcii na Internet za serverite koi imaat samo privatni IP adresi. Prochitajte povekje

5.Brzo provizioniranje i prilagoduvanje

Podignete server so instaliran OS i aplikacii, podgotven za upotreba za samo edna minuta. Interspace odi ushte podaleku, vi ovozmozhuva da gi prekonfigurirate vashite sistemi so prilagodeni postavki pred da zapochne instalacijata, vkluchitelno i detali za pristap, domeni, porti za konekcii i drugi specifichni opcii za aplikacijata.

Seto ova rezultira vo celosno prilagoden sistem koj se instalira za impresivno kratko vreme, shto gi pomestuva standardite za avtomatizirano podiganje na klaud serveri do novi visochini. Prochitajte povekje

6.Internet povrzanost od visoka klasa

Internet pristapot vo Interspace Klaud bazira na nashata telekom mrezha od provajdersko nivo, so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet od/do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost.

Interspace e telekom provajder od prva klasa, koj operira so sopstven avtonomen sistem vo globalnata BGP mrezha i poseduva opsezhna fiber optichka mrezha koja se prostira na povekje od 3000 km. Nashata infrastruktura vkluchuva direktni konekcii so vodechkite globalni tier 1 mrezhi i strateshki regionalni i lokalni piringzi, preku koi obezbeduvame vrski od najvisoka klasa za profesionalni biznisi i drugi provajderi. Prochitajte povekje

7.Izolirana komunikacija megju javni IP adresi

Javnite IP adresi vo Interspace Klaud platformata se upravuvaat so Private VLAN. Ovaa napredna tehnologija osiguruva bezbedna izolacija pomegju klientite na Interspace, duri i koga povekje hostovi go delat istiot IP sabnet, koj mozhe da sodrzhi IP adresi dodeleni na drugi klienti.

Za razlika od tradicionalnite mrezhi kade hostovite vo istiot sabnet mozhat direktno da razmenuvaat Layer 2 soobrakjaj kako del od ist broadcast domen, Private VLAN sprechuva takvi direktni interakcii. Namesto toa, sekoja komunikacija megju ovie hostovi mora da pomine niz gateway-ot, slichno na toa kako soobrakjajot se prenesuva megju razlichni sabneti na Layer 3 nivo. So ova se sprechuva potencijalno presretnuvanje ili manipulacija na soobrakjajot megju sistemite na klientite.

8.My Interspace kontrolen panel

Vo centarot na Interspace Klaud Platformata e My Interspace, bezbeden veb-baziran kontrolen panel dizajniran za lesno i ednostavno upravuvanje so klaud resursite. Dizajniran da raboti bez prekini i so najvisoki performansi, kontrolniot panel znachitelno go olesnuva administriranjeto na uslugite, nudejkji napredna i intuitivna alatka za izvrshuvanje na sushtinski dnevni operacii. Korisnicite preku nego mozhat ednostavno da narachuvaat i upravuvaat so uslugite, kako i da pobaraat poddrshka.

9.Pridrzhuvanje do najvisoki standardi

Interspace raboti vo soglasnost so najvisokite standardi i se pridrzhuva do strogi proceduri, redovno validirani preku sertifikacii, kako shto e navedno podolu:

  • ISO 27001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so informatichka bezbednost.
  • ISO 20000-1: Sertifikat za upravuvachki procesi za efektivna isporaka na IT uslugi.
  • ISO 22301: Sertifikat za obezbeduvanje na kontinuitet vo rabotenjeto vo sluchaj na incident ili katastrofa.
  • ISO 9001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so kvalitet.
  • ISO 14001: Sertifikat za odgovorno upravuvanje so zhivotnata sredina.
  • Licenca A za proektiranje na mrezhi: Najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura od visoka klasa, vkluchuvajkji data centar sistemi i fiber optichki mrezhi.
За Interspace Клауд Платформата
Изградена врз инфраструктура подготвена за иднината, Interspace Клауд Платформата е дизајнирана да опслужува апликации од критична важност за бизнисот. Платформата е позната по нејзината напредна архитектура, резултат на иновациите и развојот на софтвер од Interspace. Преку примена на најнова технологија и најдобри практики за развој, платформата осигурува највисоко ниво на скалабилност, безбедност и перформанси.

1.Висока достапност

За разлика од традиционалниот ВПС хостинг, каде виртуелните сервери се врзани за една физичка машина, Еластичен Клауд ВПС и другите системи во нашиот клауд работат на кластери од редундантни хардверски ресурси, кои се простираат низ повеќе дата центри.

Оваа архитектура осигурува дека кога дел од инфраструктурата бара одржување, дали за хардверски дефекти или рутински надградби, клауд системите преминуваат на друга оперативна инфраструктура без било какви прекини. Преку системи кои се постојано оперативни, Interspace Клауд обезбедува безпрекорно корисничко искуство.

2.Скалабилност и флексибилност

Платформата овозможува динамичко рескалирање и додавање или отстранување на ресурси и функции, како што се IP адреси, приватни мрежи и опции за враќање на податоци од резервни копии и disaster recovery репликација. Оваа скалабилност и флексибилност осигурува дека корисниците можат да ја прилагодат инфраструктурата на било кои оперативни барања.

3.Клауд приватна мрежа

Interspace Клауд приватна мрежа е Layer 2 етернет мрежа, изолирана и дедицирана само за една организација. Во оваа мрежа, вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери, метро етернет точки и други системи во клаудот можат да комуницираат директно и бесплатно преку приватни IP адреси. Вашите серверите кои нема потреба да се пристапуваат директно преку Интернет може да имаат само приватна IP адреса, како дата бази, околина за развој и други позадински сервиси. Прочитајте повеќе

4.Безбедни конекции до Клаудот

Interspace Клауд нуди неколку технологии кои овозможуваат безбедни конекции до вашата Клауд приватна мрежа од надворешни мрежи како што е Интернетот.

  • Клауд VPN PointConnect овозможува индивидуални компјутери од каде било во светот безбедно да пристапaт до вашите сервери и други системи во клаудот, преку Интернет.
  • Клауд VPN MultiSite овозможува цели LAN мрежи на далечни канцеларии или филијали безбедно да се поврзат меѓусебe или да пристапат до вашата клауд приватна мрежа, од било каде во светот преку VPN рутери поврзани на Интернет.
  • Клауд метро етернет ги интегрира ЛАН мрежите на вашите физички канцеларии со вашата Клауд приватна мрежа, користејќи директни кабелски врски до вашите локации преку фибер оптичка мрежа која функционира независно од Интернетот.
  • Клауд NAT Gateway обезбедува NAT и port-forwarding функционалност, односно овозможува влезни/излезни конекции на Интернет за серверите кои имаат само приватни IP адреси. Прочитајте повеќе

5.Брзо провизионирање и прилагодување

Подигнете сервер со инсталиран ОС и апликации, подготвен за употреба за само една минута. Interspace оди уште подалеку, ви овозможува да ги преконфигурирате вашите системи со прилагодени поставки пред да започне инсталацијата, вклучително и детали за пристап, домени, порти за конекции и други специфични опции за апликацијата.

Сето ова резултира во целосно прилагоден систем кој се инсталира за импресивно кратко време, што ги поместува стандардите за автоматизирано подигање на клауд сервери до нови височини. Прочитајте повеќе

6.Интернет поврзаност од висока класа

Интернет пристапот во Interspace Клауд базира на нашата телеком мрежа од провајдерско ниво, со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.

Interspace е телеком провајдер од прва класа, кој оперира со сопствен автономен систем во глобалната BGP мрежа и поседува опсежна фибер оптичка мрежа која се простира на повеќе од 3000 км. Нашата инфраструктура вклучува директни конекции со водечките глобални tier 1 мрежи и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме врски од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери. Прочитајте повеќе

7.Изолирана комуникација меѓу јавни IP адреси

Јавните IP адреси во Interspace Клауд платформата се управуваат со Private VLAN. Оваа напредна технологија осигурува безбедна изолација помеѓу клиентите на Interspace, дури и кога повеќе хостови го делат истиот IP сабнет, кој може да содржи IP адреси доделени на други клиенти.

За разлика од традиционалните мрежи каде хостовите во истиот сабнет можат директно да разменуваат Layer 2 сообраќај како дел од ист broadcast домен, Private VLAN спречува такви директни интеракции. Наместо тоа, секоја комуникација меѓу овие хостови мора да помине низ gateway-от, слично на тоа како сообраќајот се пренесува меѓу различни сабнети на Layer 3 ниво. Со ова се спречува потенцијално пресретнување или манипулација на сообраќајот меѓу системите на клиентите.

8.My Interspace контролен панел

Во центарот на Interspace Клауд Платформата е My Interspace, безбеден веб-базиран контролен панел дизајниран за лесно и едноставно управување со клауд ресурсите. Дизајниран да работи без прекини и со највисоки перформанси, контролниот панел значително го олеснува администрирањето на услугите, нудејќи напредна и интуитивна алатка за извршување на суштински дневни операции. Корисниците преку него можат едноставно да нарачуваат и управуваат со услугите, како и да побараат поддршка.

9.Придржување до највисоки стандарди

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi.

Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi.

Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Klaud NAT Gateway ovozmozhuva vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi.

Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, serverite mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet koristejkji ja port forward funkcionalnosta.

Odlichno reshenie za namaluvanje na troshocite za koristenje na javna IP adresa, no i povekje od toa. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси.

Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси.

Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Клауд NAT Gateway овозможува влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси.

Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, серверите може да примаат влезни конекции од Интернет користејќи ја port forward функционалноста.

Одлично решение за намалување на трошоците за користење на јавна ИП адреса, но и повеќе од тоа. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам