InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКомуникацииШто е Менаџирана фибер оптика?
КОМУНИКАЦИИ
15-Јули-2024
Shto e Menadjirana fiber optika?
Menadjirana fiber optika pretstavuva iznajmuvanje na optichki vlakna megju dve dalechni lokacii, so 24/7 odrzhuvanje na kabelskata infrastruktura. Linkot zavrshuva na pasivni fiber optichki kutii, ovozmozhuvajkji vi da koristite sopstvena laserska oprema za prenos na podatoci.

So ovaa usluga imate kontrola na kvalitetot i kapacitetot na konekcijata. Dopolnitelno, znachitelno go namaluvate rizikot od presretnuvanje na podatocite, bidejkji signalite ne pominuvaat niz nashata aktivna mrezhna oprema.

Dostapna vo:  MakedonijaSrbijaCrna GoraBiHHrvatskaSlovenijaBugarija

1.Robusna i redundantna mrezha

Nashata mrezhna arhitektura e dizajnirana da opsluzhuva sistemi od kritichna vazhnost za biznisot, osiguravajkji maksimalen protok na paketite, niska latencija i povekje stepena redundantnost za najvisoko nivo na usluga. Mrezhata e povrzana so vodechkite globalni i regionalni tier1/tier2 operatori, preku zashtiteni i geografski nezavisni fiber optichki linii.

1.1.Lokalna mrezha

Interspace operira so sopstvena fiber optichka mrezha vo Makedonija vo dolzhina od povekje od 1500 kilometri. Vo mrezhata se opfateni optichki trasi do skoro site gradovi i granichni premini vo Makedonija. Vo ramki na gradovite imame najgolemo prisustvo vo Skopje kade shto se pokrieni site naselbi.

Jadroto na nashata mrezha ima terabiten kapacitet za sviching i protok. Sekoja korisnichka porta ima zagarantiran kapacitet bidejkji sekoj L2/L3 ured del od nashata mrezha (modelite se verifikuvani od Tolly i Miercom testovi) obezbeduva neblokirachka tehnologija za prosleduvanje na paketi, shto znachi deka mozhat da procesiraat maksimalen protok na site golemini na frejmovi (64-1518) na site porti ednovremeno.

1.2.Regionalna mrezha

Na regionalno nivo, Interspace operira so mrezha vo vkupna dolzhina od okolu 2000km. Taa funkcionira vo redundantna topologija so dva pogolemi prsteni na slednite relacii:

  1. Makedonija - Bugarija - Srbija - Slovenija - Hrvatska - Bosna - Crna Gora - Kosovo - Makedonija
  2. Makedonija - Grcija - Bugarija - Makedonija

Imame nekolku pogolemi centralni tochki so visoko kapacitetna rutirachka oprema za telekomunikaciski vrski, i toa:

  1. Makedonija. Vo data centri na Interspace vo Skopje i Deve Bair.
  2. Bugarija. Vo nezavisen data centar od najvisoka klasa.
  3. Srbija. Vo nezavisen data centar od najvisoka klasa.
  4. Grcija. Vo nezavisen data centar od najvisoka klasa.

Preku ovaa mrezha se povrzuvame so provajderi direktno vo nivnata najbliska tochka vo regionot. Povrzuvanjeto e preku povekje geo nezavisni super brzi linkovi koi baziraat na DWDM tehnologija koja ovozmozhuva najniska latencija i najvisok kvalitet za protok.

1.3.Globalno prisustvo

Za potrebite na nashata klaud i onlajn video platformata, Interspace ima IT infrastruktura vo slednite regioni:

  1. Evropa: Germanija, Holandija, Francija, Velika Britanija, Avstrija, Makedonija, Srbija, Bugarija, Grcija.
  2. Severna Amerika: SAD, Kanada.
  3. Azija/Okeanija: Avstralija, Japonija, Singapur.

2.Optichka infrastruktura od prva klasa

Optichkata mrezha na Interspace e dizajnirana spored site relevantni ISO standardi i izgradena spored strogi proceduri, osiguruvajkji ispolnuvanje na najvisokite baranja za kvalitet. Poseduvame najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura, licenca A, koja potvrduva deka sme sposobni da dizajnirame visokokvalitetni optichki mrezhi.

Imame sopstveni timovi i oprema za celiot proces na izgradba, operiranje i odrzhuvanje na mrezhata. Koristime fuzija namesto mehanichko spojuvanje na vlaknata, obezbeduvajkji dolgotrajna izdrzhlivost i sigurnost. Kvalitetot na vrskata se verifikuva so opsezhni OTDR, RFC 2544 i ITU Y.1564 merenja za da se garantira najdobar prenos.

Vrshime kontinuirano 24/7 proaktivno monitoriranje na sekoj segment od infrastrukturata. Na osnovno nivo, rezervirame dve vlakna od sekoj kabel za sledenje na opshtata sostojba na kabelot. Monitorirame povekje komponenti (napojuvanja, temperatura, soobrakjaj itn.) vo sekoj mrezhen ured, vkluchuvajkji postojana proverka na nivoto na optichkiot signal na sekoj korisnichki interfejs. Ova ni ovozmozhuva da reagirame brzo i besprekorno, osiguruvajkji SLA garancija za nivo na kvalitet i uptime na vrskite.

Што е Менаџирана фибер оптика?
Менаџирана фибер оптика претставува изнајмување на оптички влакна меѓу две далечни локации, со 24/7 одржување на кабелската инфраструктура. Линкот завршува на пасивни фибер оптички кутии, овозможувајќи ви да користите сопствена ласерска опрема за пренос на податоци.

Со оваа услуга имате контрола на квалитетот и капацитетот на конекцијата. Дополнително, значително го намалувате ризикот од пресретнување на податоците, бидејќи сигналите не поминуваат низ нашата активна мрежна опрема.

Достапна во:  МакедонијаСрбијаЦрна ГораБиХХрватскаСловенијаБугарија

1.Робусна и редундантна мрежа

Нашата мрежна архитектура е дизајнирана да опслужува системи од критична важност за бизнисот, осигуравајќи максимален проток на пакетите, ниска латенција и повеќе степена редундантност за највисоко ниво на услуга. Мрежата е поврзана со водечките глобални и регионални tier1/tier2 оператори, преку заштитени и географски независни фибер оптички линии.

1.1.Локална мрежа

Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Во мрежата се опфатени оптички траси до скоро сите градови и гранични премини во Македонија. Во рамки на градовите имаме најголемо присуство во Скопје каде што се покриени сите населби.

Јадрото на нашата мрежа има терабитен капацитет за свичинг и проток. Секоја корисничка порта има загарантиран капацитет бидејќи секој L2/L3 уред дел од нашата мрежа (моделите се верификувани од Tolly и Miercom тестови) обезбедува неблокирачка технологија за проследување на пакети, што значи дека можат да процесираат максимален проток на сите големини на фрејмови (64-1518) на сите порти едновремено.

1.2.Регионална мрежа

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км. Таа функционира во редундантна топологија со два поголеми прстени на следните релации:

  1. Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија
  2. Македонија - Грција - Бугарија - Македонија

Имаме неколку поголеми централни точки со високо капацитетна рутирачка опрема за телекомуникациски врски, и тоа:

  1. Македонија. Во дата центри на Interspace во Скопје и Деве Баир.
  2. Бугарија. Во независен дата центар од највисока класа.
  3. Србија. Во независен дата центар од највисока класа.
  4. Грција. Во независен дата центар од највисока класа.

Преку оваа мрежа се поврзуваме со провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.

1.3.Глобално присуство

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има IT инфраструктура во следните региони:

  1. Европа: Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Македонија, Србија, Бугарија, Грција.
  2. Северна Америка: САД, Канада.
  3. Азија/Океанија: Австралија, Јапонија, Сингапур.

2.Оптичкa инфраструктура од прва класа

Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.


Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Privatni eternet linii
Integrirajte gi LAN mrezhite na vashite kancelarii/filijali na razlichni lokacii koristejkji super brza fiber optichka mrezha koja e nezavisna od Internetot. Vospostavete dalechni direktni vrski so zagarantirana brzina megju vashite serveri, kompjuterite i drugi uredi od razlichni lokacii. Poddrzhani se povekje tehnologii kako EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS i Ethernet preku SDH/SONET.
Datacentar kolokacija
Zashtedete investicii preku migriranje na IT opremata vo nashiot sovremen data centar graden spored poslednite standardi. Izbor na primarni data centri i disaster recovery data centar lociran na bezbedna dalechina. Nashiot data centar i timot od iskusni profesionalci e spremen da opsluzhi IT sistemi so kritichno nivo na vazhnost, obezbeduvajkji visoko nivo na redundantnost, bezbednost i dostapnost.
Menadjirana fiber optika
Iznajmuvanje na optichki vlakna megju dve dalechni lokacii, so 24/7 odrzhuvanje na kabelskata infrastruktura. Linkot zavrshuva na pasivni fiber optichki kutii, ovozmozhuvajkji vi da koristite sopstvena laserska oprema za prenos i kontrola na kvalitetot i kapacitetot na linkot.
Premium Internet pristap
Internet od najvisoka klasa za profesionalni potrebi. Superiorna tochka-do-tochka optichka linija, simetrichen download i upload, neogranichen soobrakjaj, SLA dogovor i statichka IP. Direktni konekcii so vrvnite globalni provajderi. Nashata mrezhna arhitektura e so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost.
Поврзани продукти
Приватни етернет линии
Интегрирајте ги LAN мрежите на вашите канцеларии/филијали на различни локации користејќи супер брза фибер оптичка мрежа која е независна од Интернетот. Воспоставете далечни директни врски со загарантирана брзина меѓу вашите сервери, компјутерите и други уреди од различни локации. Поддржани се повеќе технологии како EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS и Ethernet преку SDH/SONET.
Датацентар колокација
Заштедете инвестиции преку мигрирање на ИТ опремата во нашиот современ дата центар граден според последните стандарди. Избор на примарни дата центри и disaster recovery дата центар лоциран на безбедна далечина. Нашиот дата центар и тимот од искусни професионалци е спремен да опслужи ИТ системи со критично ниво на важност, обезбедувајќи високо ниво на редундантност, безбедност и достапност.
Менаџирана фибер оптика
Изнајмување на оптички влакна меѓу две далечни локации, со 24/7 одржување на кабелската инфраструктура. Линкот завршува на пасивни фибер оптички кутии, овозможувајќи ви да користите сопствена ласерска опрема за пренос и контрола на квалитетот и капацитетот на линкот.
Премиум Интернет пристап
Интернет од највисока класа за професионални потреби. Супериорна точка-до-точка оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен сообраќај, SLA договор и статичка ИП. Директни конекции со врвните глобални провајдери. Нашата мрежна архитектура е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам