InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКомуникацииОптичкa инфраструктура од прва класа
КОМУНИКАЦИИ
15-Јул-2024
Optichka infrastruktura od prva klasa
Optichkata mrezha na Interspace e dizajnirana spored site relevantni ISO standardi i izgradena spored strogi proceduri, osiguruvajkji ispolnuvanje na najvisokite baranja za kvalitet. Poseduvame najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura, licenca A, koja potvrduva deka sme sposobni da dizajnirame visokokvalitetni optichki mrezhi.

Imame sopstveni timovi i oprema za celiot proces na izgradba, operiranje i odrzhuvanje na mrezhata. Koristime fuzija namesto mehanichko spojuvanje na vlaknata, obezbeduvajkji dolgotrajna izdrzhlivost i sigurnost. Kvalitetot na vrskata se verifikuva so opsezhni OTDR, RFC 2544 i ITU Y.1564 merenja za da se garantira najdobar prenos.

Vrshime kontinuirano 24/7 proaktivno monitoriranje na sekoj segment od infrastrukturata. Na osnovno nivo, rezervirame dve vlakna od sekoj kabel za sledenje na opshtata sostojba na kabelot. Monitorirame povekje komponenti (napojuvanja, temperatura, soobrakjaj itn.) vo sekoj mrezhen ured, vkluchuvajkji postojana proverka na nivoto na optichkiot signal na sekoj korisnichki interfejs. Ova ni ovozmozhuva da reagirame brzo i besprekorno, osiguruvajkji SLA garancija za nivo na kvalitet i uptime na vrskite.

Оптичкa инфраструктура од прва класа
Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.


Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Premium Internet pristap
Internet od najvisoka klasa za profesionalni potrebi. Superiorna tochka-do-tochka optichka linija, simetrichen download i upload, neogranichen soobrakjaj, SLA dogovor i statichka IP. Direktni konekcii so vrvnite globalni provajderi. Nashata mrezhna arhitektura e so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost.
Privatni eternet linii
Integrirajte gi LAN mrezhite na vashite kancelarii/filijali na razlichni lokacii koristejkji super brza fiber optichka mrezha koja e nezavisna od Internetot. Vospostavete dalechni direktni vrski so zagarantirana brzina megju vashite serveri, kompjuterite i drugi uredi od razlichni lokacii. Poddrzhani se povekje tehnologii kako EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS i Ethernet preku SDH/SONET.
Поврзани продукти
Премиум Интернет пристап
Интернет од највисока класа за професионални потреби. Супериорна точка-до-точка оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен сообраќај, SLA договор и статичка ИП. Директни конекции со врвните глобални провајдери. Нашата мрежна архитектура е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.
Приватни етернет линии
Интегрирајте ги LAN мрежите на вашите канцеларии/филијали на различни локации користејќи супер брза фибер оптичка мрежа која е независна од Интернетот. Воспоставете далечни директни врски со загарантирана брзина меѓу вашите сервери, компјутерите и други уреди од различни локации. Поддржани се повеќе технологии како EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS и Ethernet преку SDH/SONET.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам