InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудБезбедни приватни конекции до Клаудот
КЛАУД
15-Апр-201820-Окт-2023
Bezbedni privatni konekcii do Klaudot
Interspace Klaud nudi nekolku tehnologii koi ovozmozhuvaat bezbedni konekcii na vashite serveri i drugi sistemi vo klaudot, od/do nadvoreshni mrezhi kako shto e Internetot.

1.Klaud VPN PointConnect

Individualni kompjuteri od kade bilo vo svetot mozhat bezbedno da pristapat do klaud privatnata mrezha koristejkji ja nashata Klaud VPN PointConnect usluga. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni privatni serveri, dedicirani serveri i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi.

Genijalnosta e shto mozhe povekje vashi korisnici da pristapuvaat do bilo koj server vo vashata klaud privatna mrezha preku samo edna Klaud VPN usluga. Druga dobivka e shto mozhe da imate serveri samo so privatna IP, a sepak da se pristapuvaat preku Internet.

2.Klaud VPN MultiSite

Klaud VPN MultiSite ovozmozhuva celi privatni LAN mrezhi locirani vo filijali ili kancelari bilo kade vo svetot, bezbedno da se povrzat so vashata klaud privatna mrezha preku VPN ruter povran na Internet. Otkako kje se povrzat, site kompjuteri/hostovi pozadi VPN ruterot kje mozhat da pristapat do vashite klaud i dedicirani serveri, kako i metro eternet tochki, na nivnite privatni IP adresi.

Mozhe da se koristi i kako hub & spoke VPN reshenie. Vo ovoj sluchaj, povekje razlichni LAN mrezhi od bilo kade vo svetot (spokes) se povrzuvaat na Klaud VPN MultiSite (hub), ovozmozhuvajkji bezbedna shifrirana komunikacija pomegju site hostovi vnatre vo ovie razlichni mrezhi.

Dopolnitelno, poddrzhano e povrzuvanje i od individualni kompjuteri ili smartfoni koi ne se del od privatnite LAN mrezhi, kako na primer na onie koi rabotat od doma, ovozmozhuvajkji im bezbedna privatna komunikacija so site drugi povrzani kancelarii i serveri vo klaudot.

3.Klaud optichka linija

Klaud optichka linija gi integrira LAN mrezhite na vashite fizichki kancelarii so vashata Klaud privatna mrezha, koristejkji direktni kabelski vrski do vashite lokacii preku fiber optichka mrezha koja funkcionira nezavisno od Internetot.

Oktako kje se integriraat, kompjuterite i drugite IT uredi vo vashite kancelarii kje mozhat da pristapat do vashite virtuelni privatni serveri, dedicirani serveri i drugi Metro Eternet tochki preku bezbedna konekcija koja ne koristi Internet, ostvarena so direkten optichki kabel.

Sekoja lokacija se povrzuva so brzi fiber optichki linii so zagarantirana brzina. Liniite zavrshuvaat na Eternet porta, ovozmozhuvajkji Vi ednostavno da integrirate razlichni mrezhi koristejkji gi shiroko vospostavenite Eternet uredi za sviching i rutiranje.

Primarniot efekt e znachitelno namaluvanje na troshocite preku spodeluvanje na diskov prostor, IP telefonija i drugi IT resursi pomegju povekje lokacii.

4.Klaud NAT Gateway

Vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi mozhe da ja koristat Klaud NAT Gateway uslugata za da vospostavat vlezni i izlezni konekcii preku Internet.

Taa ovozmozhuva pozadinski aplikacii da izlagaat na Internet, na primer za instalacija ili azhuriranje na biblioteki, bez da bidat izlozheni na javen pristap. Dopolnitelno, obezbeduva javen pristap do aplikacii postaveni pozadi NAT na tochno odredeni porti, shto pridonesuva za smaluvanje na poleto za hakerski upad.

5.Web Console

Veb konzolata e besplatna alatka koj obezbeduva direkten interfejs do vashite klaud serveri preku koj bilo standarden veb prelistuvach. Taa replicira iskustvoto na fizichki pristap so monitor, tastatura i glushec, ovozmozhuvajkji interakcija so serverot vo realno vreme.

Ovaa funkcionalnost e primarno korisna za privremeni zadachi kako shto se instaliranje na operativen sistem od ISO imidji ili vrakjanje na pristap do server po IP adresa otkako kje se napravi greshka vo konfiguriranjeto na firewall-ot. Alatkata mozhe da se pristapi preku kontrolniot panel My Interspace vo ramki na korisnichkiot interfejsot za vashiot klaud server.
Безбедни приватни конекции до Клаудот
Interspace Клауд нуди неколку технологии кои овозможуваат безбедни конекции на вашите сервери и други системи во клаудот, од/до надворешни мрежи како што е Интернетот.

1.Клауд VPN PointConnect

Индивидуални компјутери од каде било во светот можат безбедно да пристапaт до клауд приватната мрежа користејќи ја нашата Клауд VPN PointConnect услуга. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси.

Генијалноста е што може повеќе ваши корисници да пристапуваат до било кој сервер во вашата клауд приватна мрежа преку само една Клауд VPN услуга. Друга добивка е што може да имате сервери само со приватна IP, а сепак да се пристапуваат преку Интернет.

2.Клауд VPN MultiSite

Клауд VPN MultiSite овозможува цели приватни LAN мрежи лоцирани во филијали или канцелари било каде во светот, безбедно да се поврзат со вашата клауд приватна мрежа преку VPN рутер повран на Интернет. Откако ќе се поврзат, сите компјутери/хостови позади VPN рутерот ќе можат да пристапат до вашите клауд и дедицирани сервери, како и метро етернет точки, на нивните приватни IP адреси.

Може да се користи и како hub & spoke VPN решение. Во овој случај, повеќе различни ЛАН мрежи од било каде во светот (spokes) се поврзуваат на Клауд VPN MultiSite (hub), овозможувајќи безбедна шифрирана комуникација помеѓу сите хостови внатре во овие различни мрежи.

Дополнително, поддржано е поврзување и од индивидуални компјутери или смартфони кои не се дел од приватните ЛАН мрежи, како на пример на оние кои работат од дома, овозможувајќи им безбедна приватна комуникација со сите други поврзани канцеларии и сервери во клаудот.

3.Клауд оптичка линија

Клауд оптичка линија ги интегрира ЛАН мрежите на вашите физички канцеларии со вашата Клауд приватна мрежа, користејќи директни кабелски врски до вашите локации преку фибер оптичка мрежа која функционира независно од Интернетот.

Октако ќе се интегрираат, компјутерите и другите ИТ уреди во вашите канцеларии ќе можат да пристапат до вашите виртуелни приватни сервери, дедицирани сервери и други Метро Етернет точки преку безбедна конекција која не користи Интернет, остварена со директен оптички кабел.

Секоја локација се поврзува со брзи фибер оптички линии со загарантирана брзина. Линиите завршуваат на Етернет порта, овозможувајќи Ви едноставно да интегрирате различни мрежи користејќи ги широко воспоставените Етернет уреди за свичинг и рутирање.

Примарниот ефект е значително намалување на трошоците преку споделување на дисков простор, IP телефонија и други ИТ ресурси помеѓу повеќе локации.

4.Клауд NAT Gateway

Вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси може да ја користат Клауд NAT Gateway услугата за да воспостават влезни и излезни конекции преку Интернет.

Таа овозможува позадински апликации да излагаат на Интернет, на пример за инсталација или ажурирање на библиотеки, без да бидат изложени на јавен пристап. Дополнително, обезбедува јавен пристап до апликации поставени позади NAT на точно одредени порти, што придонесува за смалување на полето зa хакерски упад.

5.Web Console

Веб конзолата е бесплатна алатка кој обезбедува директен интерфејс до вашите клауд сервери преку кој било стандарден веб прелистувач. Taa реплицира искуството на физички пристап со монитор, тастатура и глушец, овозможувајќи интеракција со серверот во реално време.

Оваа функционалност е примарно корисна за привремени задачи како што се инсталирање на оперативен систем од ISO имиџи или враќање на пристап до сервер по ИП адреса откако ќе се направи грешка во конфигурирањето на firewall-от. Алатката може да се пристапи преку контролниот панел My Interspace во рамки на корисничкиот интерфејсот за вашиот клауд сервер.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам