InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудБришење на серверот
КЛАУД
28-Сеп-202225-Окт-2024
Brishenje na serverot
Brishenje na serverot mozhe da se izvrshi preku kontrolniot panel My Interspace od korisnici so privilegii na Superadmin.

Zapochnete so najava vo kontrolniot panel My Interspace, izbere go tipot na usluga koj treba da se menadjira, potoa otvorete ja konkretnata usluga od listata na aktivni uslugi.

Otkako uslugata kje bide otvorena, otvorete go tabot Pregled. Vo delot za Izmeni vo uslugata
se naogjaat opcii povrzani so otkazhuvanje na uslugata.

1.Kako da otkazhete usluga

Pred da go izbrishete serverot, onevozmozhete ja zashtitata od brishenje, koja e postavena za da se sprechat mozhni greshki. Vo delot za Izmeni vo uslugata, potvrdete deka Zashtitata od brishenje e postavena na Ne.

Otkako kje ja otkluchite zashtitata, kliknete na kopcheto Izbrishete go serverot. Kje vi bidat prikazhani dostapnite datumi za prekinuvanje na uslugata vrz osnova na modelot na naplata.

Izberete datum za prekinuvanje i kliknete na Podnesi. Serverot kje bide avtomatski izbrishan na izbraniot datum, koj isto taka kje bide i krajniot datum za naplata.

2.Kako da stopirate brishenje na server

Mozhete da go stopirate brishenjeto na serverot vo sekoe vreme pred zakazhaniot datum za prekin. Vo delot za Izmeni vo uslugata, kliknete na kopcheto Stopirajte go brishenjeto na serverot. Po otkazhuvanjeto, uslugata kje prodolzhi normalno, a naplatata kje se odviva kako i obichno.

Бришење на серверот
Бришење на серверот може да се изврши преку контролниот панел My Interspace од корисници со привилегии на Superadmin.

Започнете со најава во контролниот панел My Interspace, избере го типот на услуга кој треба да се менаџира, потоа отворете ја конкретната услуга од листата на активни услуги.

Откако услугата ќе биде отворена, отворете го табот Преглед. Во делот за Измени во услугата
се наоѓаат опции поврзани со откажување на услугата.

1.Како да откажете услуга

Пред да го избришете серверот, оневозможете ја заштитата од бришење, која е поставена за да се спречат можни грешки. Во делот за Измени во услугата, потврдете дека Заштитата од бришење е поставена на Не.

Откако ќе ја отклучите заштитата, кликнете на копчето Избришете го серверот. Ќе ви бидат прикажани достапните датуми за прекинување на услугата врз основа на моделот на наплата.

Изберете датум за прекинување и кликнете на Поднеси. Серверот ќе биде автоматски избришан на избраниот датум, кој исто така ќе биде и крајниот датум за наплата.

2.Како да стопирате бришење на сервер

Можете да го стопирате бришењето на серверот во секое време пред закажаниот датум за прекин. Во делот за Измени во услугата, кликнете на копчето Стопирајте го бришењето на серверот. По откажувањето, услугата ќе продолжи нормално, а наплатата ќе се одвива како и обично.


Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам