InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКлаудСтарт/Стоп контрола
КЛАУД
10-Мар-201814-Дек-2023
Start/Stop kontrola
Interspace Cloud obezbeduva ednostaven i efikasen nachin za upravuvanje so operativnata sostojba na vashite klaud serveri.

Za da dobiete pristap do ovie funkcionalnosti, najavete se vo kontrolniot panel na My Interspace, potoa otvorete ja uslugata povrzana so vashiot server i izberete go tabot Start/Stop/Konzola.

Vo ovoj tab se dostapni alatki za promena na operativnata sostojba na vashiot server, vkluchitelno i uvid vo negoviot momentalen operativen status.

Dostapnite komandi se detalno opishani podolu:

  • Iskluchi preku OS. Izvrshuva iskluchuvanje so poddrshka od operativniot sitem. Ova e preporachana opcija za iskluchuvanje (iako trae podolgo) bidejkji OS-ot osiguruva deka site nezavrsheni operacii za chitanje/zapishuvanje kje se zatvorat pred da se izvrshi iskluchuvanjeto.
  • Restart preku OS. Izvrshuva iskluchuvanje so poddrshka od operativniot sitem i potoa go vkluchuva serverot. Ova e preporachana opcija za iskluchuvanje (iako trae podolgo) bidejkji OS-ot osiguruva deka site nezavrsheni operacii za chitanje/zapishuvanje kje se zatvorat pred da se izvrshi iskluchuvanjeto.
  • Iskluchi preku kopche. Izvrshuva prisilno iskluchuvanje, slichno kako pritiskanje na kopcheto za iskluchuvanje na fizichki server, shto mozhe da dovede do gubenje na podatoci. Sistemot ne se iskluchuva po regularen proces, odnosno se preskoknuvaat nezavrshenite procesi za chitanje/zapishuvanje i drugi procesi koi normalno bi se izvrshile so sistemsko iskluchuvanje preku OS-ot.
  • Restart preku kopche. Izvrshuva prisilen restart, slichno kako pritiskanje na kopcheto za restart na fizichki server, shto mozhe da dovede do gubenje na podatoci. Sistemot ne se resetira po regularen sistemsk pat, odnosno se preskoknuvaat procesite za sinhronizacija na fajlovite i drugi procesi koi normalno bi se izvrshile so sistemski restart preku OS-ot.
Старт/Стоп контрола
Interspace Cloud обезбедува едноставен и ефикасен начин за управување со оперативната состојба на вашите клауд сервери.

За да добиете пристап до овие функционалности, најавете се во контролниот панел на My Interspace, потоа отворете ја услугата поврзана со вашиот сервер и изберете го табот Старт/Стоп/Конзола.

Во овој таб се достапни алатки за промена на оперативната состојба на вашиот сервер, вклучително и увид во неговиот моментален оперативен статус.

Достапните команди се детално опишани подолу:

  • Исклучи преку ОС. Извршува исклучување со поддршка од оперативниот ситем. Ова е препорачана опција за исклучување (иако трае подолго) бидејќи ОС-от осигурува дека сите незавршени операции за читање/запишување ќе се затворат пред да се изврши исклучувањето.
  • Рестарт преку ОС. Извршува исклучување со поддршка од оперативниот ситем и потоа го вклучува серверот. Ова е препорачана опција за исклучување (иако трае подолго) бидејќи ОС-от осигурува дека сите незавршени операции за читање/запишување ќе се затворат пред да се изврши исклучувањето.
  • Исклучи преку копче. Извршува присилно исклучување, слично како притискање на копчето за исклучување на физички сервер, што може да доведе до губење на податоци. Системот не се исклучува по регуларен процес, односно се прескокнуваат незавршените процеси за читање/запишување и други процеси кои нормално би се извршиле со системско исклучување преку ОС-от.
  • Рестарт преку копче. Извршува присилен рестарт, слично како притискање на копчето за рестарт на физички сервер, што може да доведе до губење на податоци. Системот не се ресетира по регуларен системск пат, односно се прескокнуваат процесите за синхронизација на фајловите и други процеси кои нормално би се извршиле со системски рестарт преку ОС-от.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Elastichen Klaud VPS
Elastichen Klaud VPS pretstavuva virtuelna mashina koja raboti vrz napredni klaud i mrezhni tehnologii, nudejkji znachitelni prednosti vo sporedba so tradicionalniot VPS hosting i nepobedliv odnos na cena so performansi. Postavete OS so aplikacii za samo 1 min. Na eden klik avtomatski bekapi, snapshoti i disaster recovery replika, zachuvani vo drug data centar na bezbedna dalechina. Nova gen na AMD EPYC, ultra brzi NVMe diskovi, dedicirani konekcii i besplatna privatna mrezha.
Klaud VPN PointConnect
Klaud VPN ovozmozhuva individualni kompjuteri da se povrzuvaat bezbedno so vashata klaud privatna mrezha od bilo kade vo svetot, preku shifriranje na podatocite koi patuvaat preku Internet. Otkako kje se povrzat, tie mozhat da pristapat do bilo koj od vashite virtuelni ili dedicirani serveri, kako i metro Eternet tochki koristejkji gi nivnite privatni IP adresi. Sovrsheno za provajderi na CRM, ERP i slichni uslugi, koi sakaat da ovozmozhat bezbeden pristap do nivnite aplikacii preku Internet.
Klaud NAT Gateway
Vlezni i izlezni konekcii preku Internet, za vashite virtuelni serveri koi imaat samo privatni IP adresi. Serverite pristapuvaat na Internet so rutiranje na soobrakjajot preku NAT gateway. Opcionalno, mozhe da primaat vlezni konekcii od Internet so port forward. Ovozmozhuva pozadinski aplikacii da pristapuvaat na Internet, kako i javen pristap do vashite aplikacii postaveni pozadi NAT.
Поврзани продукти
Еластичен Клауд ВПС
Еластичен Клауд ВПС претставува виртуелна машина која работи врз напредни клауд и мрежни технологии, нудејќи значителни предности во споредба со традиционалниот ВПС хостинг и непобедлив однос на цена со перформанси. Поставете OS со апликации за само 1 мин. На еден клик автоматски бекапи, снапшоти и disaster recovery реплика, зачувани во друг дата центар на безбедна далечина. Нова ген на AMD EPYC, ултра брзи NVMe дискови, дедицирани конекции и бесплатна приватна мрежа.
Клауд VPN PointConnect
Клауд VPN овозможува индивидуални компјутери да се поврзуваат безбедно со вашата клауд приватна мрежа од било каде во светот, преку шифрирање на податоците кои патуваат преку Интернет. Откако ќе се поврзат, тие можат да пристапат до било кој од вашите виртуелни или дедицирани сервери, како и метро Етернет точки користејќи ги нивните приватни IP адреси. Совршенo за провајдери на CRM, ERP и слични услуги, кои сакаат да овозможат безбеден пристап до нивните апликации преку Интернет.
Клауд NAT Gateway
Влезни и излезни конекции преку Интернет, за вашите виртуелни сервери кои имаат само приватни IP адреси. Серверите пристапуваат на Интернет со рутирање на сообраќајот преку NAT gateway. Опционално, може да примаат влезни конекции од Интернет со port forward. Овозможува позадински апликации да пристапуваат на Интернет, како и јавен пристап до вашите апликации поставени позади NAT.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам