InterspaceБаза на знаењеДокументацијаКомуникацииШто е Премиум Интернет пристап?
КОМУНИКАЦИИ
15-Јул-2024
Shto e Premium Internet pristap?
Premium Internet pristap pretstavuva Internet konekcija so nesporedliv kvalitet na transfer i povekje stepena redundantnost. Toj nudi izlez na Internet direktno preku vrnite globalni provajderi, simetrichen download i upload, neogranichen mesechen soobrakjaj, SLA dogovor za mnogu brzo reshavanje na prechki i statichka IP za neprekinata konekcija.

Konekcijata se dostavuva iskluchivo preku superiorna tochka-do-tochka fiber optichka linija koja osiguruva super brz protok vo sporedba so tehnologijata za delba na optichki vlakna. Premium Internet pristap pretstavuva najvisoka klasa na Internet i se razlikuva od uslugite za optichki Internet od standardna klasa.

Eve zoshto Premium Internet pristapot na Interspace kje donese povekje pridobivki za vashite potrebi za Internet povrzuvanje:

1.Internet povrzanost od najvisoka klasa

Interspace e telekom provajder od prva klasa koj operira so sopstvena lokalna i regionalna fiber optichka infrastruktura i avtonomen sistem vo globalnata BGP mrezha.

Interspace ima direktni konekcii so vodechkite globalni tier 1 provajderi i strateshki regionalni i lokalni piringzi, preku koi obezbeduvame Internet od najvisoka klasa za profesionalni biznisi i drugi provajderi, kako i za nashata klaud i hosting platforma.

Nashata mrezha e so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet od/do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost. Poglednete ja listata na interkonekcii

2.Robusna i redundantna mrezha

Interspace operira so sopstvena fiber optichka mrezha vo Makedonija vo dolzhina od povekje od 1500 kilometri. Mrezhata se protega do rechisi site gradovi i granichni premini. Najgolema pokrienost imame vo Skopje kade shto se opfateni site naselbi.

Na regionalno nivo, Interspace operira so mrezha vo vkupna dolzhina od okolu 2000km, koja pominuva niz Makedonija, Grcija, Bugarija, Srbija, Slovenija, Hrvatska, Bosna, Crna Gora i Kosovo. Preku ovaa mrezha se povrzuvame so globalnite provajderi direktno vo nivnata najbliska tochka vo regionot. Vrskite se redundantni i opfakjaat povekje geo nezavisni super brzi DWDM linii koi obezbeduvaat najniska latencija i najvisok kvalitet za protok.

Jadroto na mrezhata raspolaga so terabiten kapacitet za sviching i propusen opseg. Od jadroto do sekoj kraen korisnichki ruter, site operatorski uredi obezbeduvaat sertificiran line-rate non-blocking prenos na soobrakjaj, osiguruvajkji maksimalen bandwidth za site golemini na paketi na site porti istovremeno.

Za potrebite na nashata klaud i onlajn video platformata, Interspace ima globalno prisustvo so IT infrastruktura vo povekje zemji vo Evropa (Makedonija, Germanija, Holandija, Francija, Velika Britanija, Avstrija, Srbija, Bugarija, Grcija), Severna Amerika (SAD, Kanada), Azija/Okeanija (Avstralija, Japonija, Singapur). Prochitajte povekje

3.Optichka infrastruktura od prva klasa

Optichkata mrezha na Interspace e dizajnirana spored site relevantni ISO standardi i izgradena spored strogi proceduri, osiguruvajkji ispolnuvanje na najvisokite baranja za kvalitet. Poseduvame najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura, licenca A, koja potvrduva deka sme sposobni da dizajnirame visokokvalitetni optichki mrezhi.

Imame sopstveni timovi i oprema za celiot proces na izgradba, operiranje i odrzhuvanje na mrezhata. Koristime fuzija namesto mehanichko spojuvanje na vlaknata, obezbeduvajkji dolgotrajna izdrzhlivost i sigurnost. Kvalitetot na vrskata se verifikuva so opsezhni OTDR, RFC 2544 i ITU Y.1564 merenja za da se garantira najdobar prenos.

Vrshime kontinuirano 24/7 proaktivno monitoriranje na sekoj segment od infrastrukturata. Na osnovno nivo, rezervirame dve vlakna od sekoj kabel za sledenje na opshtata sostojba na kabelot. Monitorirame povekje komponenti (napojuvanja, temperatura, soobrakjaj itn.) vo sekoj mrezhen ured, vkluchuvajkji postojana proverka na nivoto na optichkiot signal na sekoj korisnichki interfejs. Ova ni ovozmozhuva da reagirame brzo i besprekorno, osiguruvajkji SLA garancija za nivo na kvalitet i uptime na vrskite.

4.Pridrzhuvanje do najvisoki standardi i strogi proceduri

Interspace raboti vo soglasnost so najvisokite standardi i se pridrzhuva do strogi proceduri, redovno validirani preku sertifikacii, kako shto e navedno podolu:

  • ISO 27001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so informatichka bezbednost.
  • ISO 20000-1: Sertifikat za upravuvachki procesi za efektivna isporaka na IT uslugi.
  • ISO 22301: Sertifikat za obezbeduvanje na kontinuitet vo rabotenjeto vo sluchaj na incident ili katastrofa.
  • ISO 9001: Sertifikat za nashiot sistem za upravuvanje so kvalitet.
  • ISO 14001: Sertifikat za odgovorno upravuvanje so zhivotnata sredina.
  • Licenca A za proektiranje na mrezhi: Najvisoka akreditacija za proektiranje na mrezhna infrastruktura od visoka klasa, vkluchuvajkji data centar sistemi i fiber optichki mrezhi.
Што е Премиум Интернет пристап?
Премиум Интернет пристап претставува Интернет конекција со неспоредлив квалитет на трансфер и повеќе степена редундантност. Тој нуди излез на Интернет директно преку врните глобални провајдери, симетричен download и upload, неограничен месечен сообраќај, SLA договор за многу брзо решавање на пречки и статичка ИП за непрекината конекција.

Конекцијата се доставува исклучиво преку супериорна точка-до-точка фибер оптичка линија која осигурува супер брз проток во споредба со технологијата за делба на оптички влакна. Премиум Интернет пристап претставува највисока класа на Интернет и се разликува од услугите за оптички Интернет од стандардна класа.

Еве зошто Премиум Интернет пристапот на Interspace ќе донесе повеќе придобивки за вашите потреби за Интернет поврзување:

1.Интернет поврзаност од највисока класа

Interspace е телеком провајдер од прва класа кој оперира со сопствена локална и регионална фибер оптичка инфраструктура и автономен систем во глобалната BGP мрежа.

Interspace има директни конекции со водечките глобални tier 1 провајдери и стратешки регионални и локални пирингзи, преку кои обезбедуваме Интернет од највисока класа за професионални бизниси и други провајдери, како и за нашата клауд и хостинг платформа.

Нашата мрежа е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Погледнете ја листата на интерконекции

2.Робусна и редундантна мрежа

Interspace оперира со сопствена фибер оптичка мрежа во Македонија во должина од повеќе од 1500 километри. Мрежата се протега до речиси сите градови и гранични премини. Најголема покриеност имаме во Скопје каде што се опфатени сите населби.

На регионално ниво, Interspace оперира со мрежа во вкупна должина од околу 2000км, која поминува низ Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Преку оваа мрежа се поврзуваме со глобалните провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Врските се редундантни и опфаќаат повеќе гео независни супер брзи DWDM линии кои обезбедуваат најниска латенција и највисок квалитет за проток.

Јадрото на мрежата располага со терабитен капацитет за свичинг и пропусен опсег. Од јадрото до секој краен кориснички рутер, сите операторски уреди обезбедуваат сертифициран line-rate non-blocking пренос на сообраќај, осигурувајќи максимален bandwidth за сите големини на пакети на сите порти истовремено.

За потребите на нашата клауд и онлајн видео платформата, Interspace има глобално присуство со ИТ инфраструктура во повеќе земји во Европа (Македонија, Германија, Холандија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Бугарија, Грција), Северна Америка (САД, Канада), Азија/Океанија (Австралија, Јапонија, Сингапур). Прочитајте повеќе

3.Оптичкa инфраструктура од прва класа

Оптичката мрежа на Interspace е дизајнирана според сите релевантни ISO стандарди и изградена според строги процедури, осигурувајќи исполнување на највисоките барања за квалитет. Поседуваме највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура, лиценца А, која потврдува дека сме способни да дизајнираме висококвалитетни оптички мрежи.

Имаме сопствени тимови и опрема за целиот процес на изградба, оперирање и одржување на мрежата. Користиме фузија наместо механичко спојување на влакната, обезбедувајќи долготрајна издржливост и сигурност. Квалитетот на врската се верификува со опсежни OTDR, RFC 2544 и ITU Y.1564 мерења за да се гарантира најдобар пренос.

Вршиме континуирано 24/7 проактивно мониторирање на секој сегмент од инфраструктурата. На основно ниво, резервираме две влакна од секој кабел за следење на општата состојба на кабелот. Мониторираме повеќе компоненти (напојувања, температура, сообраќај итн.) во секој мрежен уред, вклучувајќи постојана проверка на нивото на оптичкиот сигнал на секој кориснички интерфејс. Ова ни овозможува да реагираме брзо и беспрекорно, осигурувајќи SLA гаранција за ниво на квалитет и uptime на врските.

4.Придржување до највисоки стандарди и строги процедури

Interspace работи во согласност со највисоките стандарди и се придржува до строги процедури, редовно валидирани преку сертификации, како што е наведно подолу:

  • ISO 27001: Сертификат за нашиот систем за управување со информатичка безбедност.
  • ISO 20000-1: Сертификат за управувачки процеси за ефективна испорака на IT услуги.
  • ISO 22301: Сертификат за обезбедување на континуитет во работењето во случај на инцидент или катастрофа.
  • ISO 9001: Сертификат за нашиот систем за управување со квалитет.
  • ISO 14001: Сертификат за одговорно управување со животната средина.
  • Лиценца А за проектирање на мрежи: Највисока акредитација за проектирање на мрежна инфраструктура од висока класа, вклучувајќи дата центар системи и фибер оптички мрежи.

Povrzani sodrzhini
Dokumentacija
Klaud
Komunikacii
Hosting
My Interspace
Tehnichki statii
Tutorijali
Nauchi
Novosti
Aktuelni novosti
Posledni nastani
Поврзани содржини
Документација
Клауд
Комуникации
Хостинг
My Interspace
Технички статии
Туторијали
Научи
Новости
Актуелни новости
Последни настани
Povrzani produkti
Premium Internet pristap
Internet od najvisoka klasa za profesionalni potrebi. Superiorna tochka-do-tochka optichka linija, simetrichen download i upload, neogranichen soobrakjaj, SLA dogovor i statichka IP. Direktni konekcii so vrvnite globalni provajderi. Nashata mrezhna arhitektura e so pasija dizajnirana da obezbedi konekcii so najvisok kvalitet do bilo koja destinacija vo svetot, rezultirajkji vo nesporedliva brzina na transfer i povekje stepena redundantnost.
Privatni eternet linii
Integrirajte gi LAN mrezhite na vashite kancelarii/filijali na razlichni lokacii koristejkji super brza fiber optichka mrezha koja e nezavisna od Internetot. Vospostavete dalechni direktni vrski so zagarantirana brzina megju vashite serveri, kompjuterite i drugi uredi od razlichni lokacii. Poddrzhani se povekje tehnologii kako EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS i Ethernet preku SDH/SONET.
Поврзани продукти
Премиум Интернет пристап
Интернет од највисока класа за професионални потреби. Супериорна точка-до-точка оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен сообраќај, SLA договор и статичка ИП. Директни конекции со врвните глобални провајдери. Нашата мрежна архитектура е со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност.
Приватни етернет линии
Интегрирајте ги LAN мрежите на вашите канцеларии/филијали на различни локации користејќи супер брза фибер оптичка мрежа која е независна од Интернетот. Воспоставете далечни директни врски со загарантирана брзина меѓу вашите сервери, компјутерите и други уреди од различни локации. Поддржани се повеќе технологии како EPL, EVPL, EPLAN, EVPLAN, MPLS и Ethernet преку SDH/SONET.


Нашата веб страна користи колачиња. Ако продолжите со нејзино користење, се согласувате да користиме колачиња и ги прифаќате нашите Правни информации.    Разбирам